Услови

Со користење на услугите овозможени од страна на Дигинет ДОО ДПТУ (во понатамошниот текст како “Дигихост”), вие без ограничувања се согласувате со сите услови и правила наведени во понатамошниот текст. Условите ги истакнуваат вашите права, обврски и ограничувања.

1. Дигихост има право без никакви предходни известувања да ограничи, блокира или исклучи услуга на корисниците доколку ги прекршуваат условите за користење на Дигихост или пак постоечките закони.

2. Вашите лични податоци нема да бидат злоупотребени или дадени на неовластени трети лица. Доколку за корисник на услугите на Дигихост се води постапка кај Надлежен орган, Дигихост го задржува правото на барање од Надлежен орган да ги достави сите информации кои ги поседува за дадениот корисник, но само доколку се утврди дека тоа ќе помогне во постапката која се води од страна на надлежните органи. Во никој случај, Дигихост не треба да се смета за одговорен за горе-наведеното.

3. Вие како корисник на Дигихост услугите се согласувате и обврзувате дека нема да поставувате или дистрибуирате нелегална содржина или податоци, вклучувајќи, но не ограничено на било каков материјал кој нарушува авторски или останати права, порнографска содржина која ги прекршува постоечките закони, и др.

4. При поставување на податоци/содржини преку користење на услугите на Дигихост  вие сте обврзани да ги земете во обзир локалните, државните и интернационалните закони, и истите да ги почитувате. Вие сте одговорни за податоците/содржините кои се поставени по ваша вина односно од ваша страна на серверите на Дигихост и во никој случај Дигихост не превзема одговорност за истите. Ваша должност е да ги проверите податоците/содржините пред да ги поставите на сервери на Дигихост.

5. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите на Дигихост за СПАМ-ирање, вклучувајќи, но не ограничено на масовно праќање на маил.

6. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање и дистрибуција на софтвер кој може да доведе до софтверски или хардверски грешки, да ја намали брзината на работење на серверот, или да ја загрози сигурноста на другите корисници или серверот.

7. Вие се согласувате дека нема да користите премногу ресорси (вклучувајќи, но не ограничено на процесор, меморија, конекции кон база и др.) и нема да предизвикате пречки во користењето на услугите на другите корисници на истиот сервер.

8. Вие се согласувате дека ќе внесете односно доставите ваши валидни и точни информации при нарачка на која било од услугите на Дигихост, при комуникација со Дигихост и слично.

9. Вие како корисник на услугите на Дигихост, должни сте вашето корисничко име и лозинка да не ги доверувате на трети лица.

10. Вие како корисник на услугите на Дигихост  се согласувате дека за било какви проблеми, неспогодби, недоразбирања или непријатности кои можат да произлезат од користењето на услугите, во никој случај Дигихост не е одговорен.

11. Дигихост не превзема никаква одговорност за било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите.

12. Техничката поддршка се однесува на техничкиот аспект на услугите, односно правилно работење на услугите овозможени од Дигихост  Доколку вие како клиент на Дигихост не ги користите правилно, Дигихост не е должен да ви помогне. Доставувањето на техничката поддршка е самоиницијативно од страна на Дигихост и Дигихост не е должен истата да ја доставува 24 часа во денот.

13. Дигихост се грижи за безбедноста и заштитата на серверите, но не и за вашите сајтови. Вие сте должни сами да ги одржувате сајтовите кои ги имате поставено на серверите на Дигихост  Во случај на хакерски напад на вашиот сајт вие сте должни да го отстраните проблемот во најкус можен рок, најдоцна за 24 часа откако е настанат. Дигихост се оградува од било каква одговорност или пак решавање на вашиот проблем и има право да го ограничи односно блокира вашиот пристап кон услугите доколку проблемот не го решите навремено.

14. Дигихост вложува секакви напори да го задржи квалтиетот на сите услуги, но затоа што многу околности не се под контрола на Дигихост, Дигихост на никој начин не гарантира достапност до серверите и не е одговара за недостапност или губиток на податоци, спора конекција и други проблеми кои не зависат од Дигихост.

15. Наведената мрежна стабилност на пакетите/услугите се однесува на достапноста на серверот до излезните рутери во мрежата на дата центарот каде што е физички сместен серверот. Дигихост не превзема никаква одговорност доколку клиентот нема пристап до услугата.

16. Дигихост не превзема одговорност и во никој случај не е одговорен да врати изгубени податоци. Клиентот е одговорен да ја активира и постави backup опцијата во контролниот панел на хостинг. Доколку backup опцијата е активирана, и клиентот има постоечки backup архиви, Дигихост може да ги поврати податоците/информациите кои се во зададената backup архива само доколку се уплатат 2190 денари за услугата “Враќање податоци од Backup архива”. Дигихост не превзема одговорност доколку вратените податоци/информации не се оние кои клиентот ги очекува и уплатените средства не се враќаат во никој случај.

17. Регистрацијата на македонски домен може да трае и до 30 дена од денот на уплатата за доменот. Доколку доменот не биде регистриран во овој рок, Дигихост е должен да ги врати уплатените средства за регистрација на доменот на клиентот. Дигихост не гарантира дека доменот кој е наведен во нарачката на клиентот е слободен, а доколку не е слободен, клиентот има можност да изберете друго име на домен.

18. Во случај на било каков спор поврзан со македонски домен, одговорноста ја сноси клиентот кој го нарачал доменот, и во никој случај Дигихост не превзема одговорност.

19. Дигихост се оградува од било каква одговорност пред надлежните органи за било каков спор поврзан со било која од услугите на Дигихост вклучувајќи, но не ограничено на користење на веб хостинг, регистрација на македонски домени и слично нарачана или користена од клиент на Дигихост и одговорноста ја сноси клиентот.

20. Дигихост самоиницијативно ќе ги известува клиентите за истекот на услугите, но не е должен да го направи истото. Клиентите се должни да направат уплата пред истекот на услугата. Во спротивно Дигихост не е одговорен доколку услугата со поминат рок е оневозможена или недостапна.

21. Дигихост во никој случај нема да направи повраток на средства на веќе активирани услуги. Повраток на средства може да се направи само доколку услугата не била воопшто активирана.

Дигихост го задржува правото да ги промени условите на користење, цените на услугите и услугите, без предходно известување. Корисниците на услугите на Дигихост се должни да ги прифатат новодоставените услови, без никакви ограничувања. Во никој случај, Дигихост нема да биде одговорен за несаканите проблеми настанати од предходно наведеното.

© Digihost 2016. Сите права се задржани.